Доц. д-р Игор Здравески

Наставно-научно звање: Доцент

Предмети

  • Андрологија и вештачко осеменување
  • Гинекологија и акушерство со стерилитет

Консултации  Понеделник 9.00-10.30, Четврток 13.00-14.30

Биографија
Роден на 16.01.1981 година во Битола. Во 2006 година дипломирал на Шумарскиoт универзитет во Софија, Р.Бугарија на студиската програма Ветеринарна медицина каде што продолжил и на магистерски студиии и се стекнал со  научен степен магистер по ветеринарна медицина. Во академската 2014/2015 на Универзитетот во Нови Сад, Земјоделскиот факултет – Департмент по ветеринарна медицина запишал Докторски студии на ветеринарни науки,област репродукција.

 

Работно искуство:
– (февруари 2012- во тек) На  Ветеринарен  факултет во Битола вработен како помлад асистент во научното поле Ветеринарна медицина,  за научната област Андрологија и вештачко осеменување;

– (ноември 2008 – октомври 2011) Во млекара „Идеал Шипка”  во Битола вработен на работното место директор на суровина;

– (мај 2007-октомври 2008) – Во приватно ветеринарно друштво вработен како доктор по ветеринарна медицина .