д-р Милена Јанкуловска – Петковска

Наставно-научно звање: Доцент

 

ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА  
 

2015

 

Доктор на хемиски науки (PhD)

Институција: Институт по електрохемија, Универзитет во Аликанте, Шпанија;

 

Докторска дисертација: Истражување на електрохемиските својства на наноструктурни електроди од TiO2;

 

2010 Cертификат за компетентност за научно истражувачка работа

Институција: Институт по електрохемија, Универзитет во Аликанте, Шпанија;

 

2006 Магистер на хемиски науки (MSc)

Институција: Институт по хемија, Природно-математички факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, Република Македонија;

 

Реализирани наставни програми: Методологија на научноистражувачка работа, Компјутери во хемијата, Спектроскопски и радиохемиски аналитички методи, Современи електроаналитички методи,  Анализа на траги и Хроматографски методи.

 

Магистерски труд: Определување на константите на дисоцијација на некои незаситени карбоксилни киселини во силно кисела средина;

 

2002 Дипломиран професор по хемија (BSc)

Институција: Институт по хемија, Природно-математички факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, Република Македонија;

 

2000 Дипломиран инженер по хемија (BSc)

Институција: Институт по хемија, Природно-математички факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, Република Македонија;

Дипломски труд: Разработка на квантитативна метода за определување на органски киселини во смеса;

 

РАБОТНО ИСКУСТВО  (НАСТАВНА И НАУЧНА ДЕЈНОСТ)
 

2018-2020

 

Насловен Доцент

Институција: Ветеринарен факултет, Универзитет Св. „Климент Охридски„ Битола;

 

Предавања на прв циклус студии по предметите: Хемија, Биохемија и Биофизика;

 

Лабараториски и нумерички вежби на прв циклус студии по предметите Хемија, Биохемија и Биофизика;

 

2018 -2020 Предавач на висока школа

Институција: Висока медицинска школа, Универзитет Св. „Климент Охридски„ Битола;

 

Предавања на прв циклус студии по предметите Хемија 1, Хемија 2, Аналитичка хемија, Лабораториски техники и апаратури, Инструментални анализи, Заштита при работа во лабораторија, Медицинско – лабораториски истражувања;

 

Подготовка на матерјали за лабораториски вежби по предметите Хемија 1, Хемија 2, Аналитичка хемија, Лабораториски техники и апаратури, Инструментални анализи, Заштита при работа во лабораторија, Медицинско – лабораториски истражувања;

 

2016-2018 Асистент за меѓународна соработка

Институција: Универзитет Св. „Климент Охридски„ Битола;

 

Работни задачи: Пуштање во функција на современа аналитичка лабораторија;

 

2014-2015 Истражувач

Институција: Универзитет во Аликанте, Шпанија;

Проект: Разработување на пилот постројка за батерии на база на натриум и суперкондензатори;

 

2010-2014 Асистент Докторант

Институција: Универзитет во Аликанте, Шпанија;

Проект: Фотохемија и електрохемија на полуспроводници;

 

2008-2010 Асистент Докторант

Институција: Универзитет во Аликанте, Шпанија;

Проект: Фотохемија и eлектрохемија на полуспроводници;

 

2008 Асистент Докторант

Институција: Универзитет во Аликанте, Шпанија;

Проект: Електрохромни и фотохромни својства на метални оксиди;

 

2001-2006 Магистрант

Институција: Универзитет Св. „Кирил и Методиј„ Скопје;

Тема: Определување на константите на дисоцијација на незаситени карбоксилни киселини;

 

2001-2007 Професор по хемија во средно училиште;

 

Реализација на наставните планови и програми по предметот хемија (Општа и неорганска хемија, Аналитичка хемија, Органска хемија и Физичка хемија) во следниве средни училишта:

 

СУГС „Марија Кири Склодовска„, Скопје;

СУГС „Браќа Миладиновци„, Скопје

 

Вид на образование: гимназиско и стручно (хемиско и земјоделско).

 

1997-2000 Студент

Институција: Универзитет Св. „Кирил и Методиј„ Скопје

Научно-истражувачка работа: Квантитативно определување на незаситени карбоксилни киселини во смеса;

 

НАУЧНО – ИСТРАЖУВАЧКА РАБОТА  
   

Започнав да се занимавам со научно-истражувачка работа додека бев студент на Институтот за Хемија при Природно-Математичкиот факултет во Скопје. Моето прво научно-истражувачко искуство беше во областа на аналитичката хемија. Конкретно, во тој период се занимавав со развој на квантитативен метод за определување на незаситени карбоксилни киселини во смеса и определување на константите на дисоцијација на незаситени два и три карбоксилни киселини со примена на ултравиолетова и видлива спектроскопија.

 

Во 2008 година се запишав на докторски студии на Институтот по електрохемија на Универзитетот во Аликанте, во Шпанија. Како докторант бев вклучена во различни научно-истражувачки проекти. Во текот на првата година работев на синтеза и карактеризација на електрохромни и фотохромни матерјали (метални оксиди) кои што меѓу другото се применуваат за интелигентни прозори. По завршувањето на овој проект, добив стипендија за докторски студии од шпанското Министерство за наука и култура. Целта на мојата доктроска дисертација беше синтеза и карактеризација на наноструктурни електроди од TiO2.

Подготвував електроди од TiO2 со различна кристална структура (анатас и рутил) и морфологија (наножици, наночестички, наноцевки, наноколони и нановлакна). Исто така се занимавав со структурна, морфолошка и електрохемиска карактеризација на овие електроди. За таа цел применував различни, микроскопски, спектроскопски и електрохемиски методи. Исто така се занимавав со изнаоѓање на начин за синтеза на TiO2 што ќе апсорбира видлива светлина. За таа цел синтетизирав наночестички од злато и ја модифицирав површината од TiO2 со овие честички.

 

По завршувањето на експерименталниот дел од мојата докторска дисертација бев ангажирана на работа на пилот постројка за батерии на база на натриум/сулфур и суперкондензатори. Овој проект беше реализиран во соработка со BroadBit од Словачка. Во рамките на овој проект се занимавав со синтеза и карактеризација на неоргански и органски матерјали за катоди и електролити. Работејќи  на овој проект се здобив со значајно искуство на полето на батерии (изработка на ќелии, манипулација на супстанци кои што не се стабилни на воздух, синтеза на поголеми количества супстанци со цел нивно производство во индустриски рамки …)

 

Од април 2017 година се занимавам со проучување на начинот на функционирање и пуштање во функција на неколку аналитички инструменти (Атомски апсорпционен спектрофотометар, Атомски емисионен спектрофотометар со индуктивно спрегната плазма, Високоефикасен течен хроматограф со ултравиолетов-видлив детектор и флуоресцентен детектор, Високоефикасен течен хроматограф со масен детектор, Гасен хроматограф со масен детектор). Исто така дел од мојата работа вклучува и подготовка на прирачник за комплетна анализа на вода и почва и разработка на методи за анализа на храна и пијалоци (определување на тешки метали, конзервански, засладувачи и обојувачи).

 

 
 
 

 

ИСТРАЖУВАЧКИ ИНТЕРЕСИ  
   

Разработка на спектроскопски (Атомска апсорпциона спектроскопија и Атомска емисиона спекстроскопија со индуктивно спрегната плазма) и хроматографски методи (Течна хроматографија) за контрола на квалитетот на почва, вода, ѓубрива и храна од растително и животинско потекло.

 

 
 
 

 

ОБЈАВЕНИ ПУБЛИКАЦИИ  
   

1.     M. S. Jankulovska, I. Spirevska, V. Dimova, M. Jankulovska, Spectroscopic determination of dissociation constants of some 4-nitrobenzaldehyde-4 substituted phenyl-1-carbonylhydrazones in sodium hydroxide media, Current Pharmaceutical Analysis, 2020, 16, 000-000. (Фактор на влијание =0,880 (2019);

 

2.     M. S. Jankulovska, I. Spirevska, V. Dimova, M. Jankulovska, UV Spectrophotometric Determination of Thermodynamic Dissociation Constants of Some Aromatic Hydrazones in Acid Media, J. Mex. Chem. Soc, 2019, 63 (4) México oct./dic.  E-pub 14-Sep-2020. (Фактор на влијание =0,538 (2019);

 

3.     M. Jankulovska-Petkovska, M. S. Jankulovska, V. Dimova, Protonation of citraconic and glutaconic acid in perchloric acid media, Technologica Acta, 2019, 12, no. 1, pp. 1–8. (Фактор на влијание =0,930 (2019);

 

4.     V. Dimova, M. S. Jankulovska, M. Jankulovska, А quantum chemical investigation of N1-substituted 1,2,4-triazole, RAD Conference Proceedings, 2018, 3, 231–235.

 

5.     M. I. Díez-García, V. Manzi-Orezzoli, M. Jankulovska, S. Anandan, P. Bonete, R. Gómez, T. Lana-Villarreal, Effects of Ultrasound Irradiation on the Synthesis of Metal Oxide Nanostructures, Physics Procedia, 2015, 63, 85 -90. (Фактор на влијание =0,262 (2015);

 

6.     D. Cibrev, M. Jankulovska, T. Lana-Villarreal, R. Gómez, Potentiostatic reversible photoelectrochromism: an effect appearing in nanoporous TiO2/Ni(OH)2 thin films, ASC Appl. Mater. Interfaces, 2014, 6, 10304-10312. (Фактор на влијание =7,10 (2014);

 

7.     M. Jankulovska, I. Barceló, T. Lana-Villarreal, R. Gómez, Nanotubes decorated with anatase nanowires: Photoelectrocatalytic properties, J. Phys. Chem. C, 2013, 117, 4024−4031. (Фактор на влијание =5,191 (2013);

 

8.     D. Cibrev, M. Jankulovska, T. Lana-Villarreal, R. Gómez, Study of the oxygen evolution reaction over an ultrathin nanostructured Ni(OH)2 layer deposited on conducting glass, Int. J. Hydrogen Energy, 2013, 38, 2746-2753. (Фактор на влијание = 4,469 (2013);

 

9.     M. Jankulovska, T. Berger, R. Gómez, T. Lana-Villarreal, Trap States in TiO2 Films Made of Nanowires, Nanotubes or Nanoparticles: An Electrochemical Study, Chem. Phys. Chem, 2012, 1-11. (Фактор на влијание = 3,351 (2012);

 

10.  T. Berger, D. Monllor-Satoca, M. Jankulovska, T. Lana-Villarreal, R. Gómez, The electrochemistry of nanostructured TiO2 Electrodes, Chem. Phys. Chem, 2012, 1-53. (Фактор на влијание = 3,351 (2012);

 

11.  M. Jankulovska, T. Berger, T. Lana-Villarreal, R. Gómez, A comparison of quantum-sized anatase and rutile nanowire thin films: Devising differences in the electronic structure from photoelectrochemical measurements, Electrochimica Acta, 2012, 172 – 180. (Фактор на влијание = 5,478 (2012);

 

12.  M. Jankulovska, T. Lana-Villarreal, R. Gómez, Hierarchically organized titanium dioxide nanostructured electrodes: Quantum-sized nanowires grown on nanotubes, Electrochem. Commun., 2010, 12 (10) 1356. (Фактор на влијание = 4,282 (2010);

 

13.  M. Jankulovska, L. Šoptrajanova, I. Spirevska, Behaviour of Glutaconic and Aconitic acid in a sulfuric acid medium, Bull. Chem. Technol. Macedonia, 2006, 89-97.

 

 

УЧЕБНИЦИ И УЧЕБНИ ПОМАГАЛА  
 

2010

 

M. Jankulovska, T. Lana-Villarreal, R. Gómez-Torregrosa, Nanoestructuras organizadas jerárquicamente basadas en nanotubos de TiO2 y su aplicación como electrodos, Avances de la electroquímica en Iberoamérica, Portugal y España, 2010, Servicio de Publicaciones de la Universidad de Alcalá de Henares, ISBN 9788481389371. (Поглавје од книга)

 

2010 D. Cibrev, M. Jankulovska, T. Lana-Villarreal, R. Gómez-Torregrosa, Estudio del electrocromismo fotoinducido en capas finas TiO2-Ni(OH)2, Avances de la electroquímica en Iberoamérica, Portugal y España, 2010, Servicio de Publicaciones de la Universidad de Alcalá de Henares, ISBN 9788481389371. (Поглавје од книга).

 

 

УЧЕСТВО НА СИМПОЗИУМИ, КОНГРЕСИ И КОНФЕРЕНЦИИ
   

1.     M. Jankulovska, V. Dimova, M. Jankulovska – Petkovska, Comparison of thermodynamic pKBH+ values of aromatic benzoylhydrazones determined spectrophometricaly, Eight international conference on radiation in various fields of research, 2020, virtual conference.

 

2.     M. Jankulovska – Petkovska, The electrochemistry as a general tool to unravel the electronic structure and the (photo)electrocatalytic properties of nanostructured titanium dioxide, 25th Congress of Chemists and Technologist of Macedonia with international participation, Ohrid, Macedonia, 19-22/09/2018, ORAL.

 

3.     V. Dimova, M. S. Jankulovska, M. Jankulovska – Petkovska, Quantum chemical studies of some p-substituted benzoylhydrazone derivatives, 25th Congress of Chemists and Technologist of Macedonia with international participation, Ohrid, Macedonia, 19-22/09/2018, POSTER.

 

4.     M. Jankulovska – Petkovska, M. S. Jankulovska, V. Dimova, Protonation of citraconic and glutaconic acid in aqueous perchloric acid solutions, 25th Congress of Chemists and Technologist of Macedonia with international participation, Ohrid, Macedonia, 19-22/09/2018, POSTER.

 

5.     T. Lana-Villarreal, D. Cibrev, M. Jankulovska, R. Gómez, Potentiostatic reversible photoelectrochromism in nanoporous TiO2 electrodes modified with Ni(OH)2, International conference on photochemical conversion and storage of solar energy, Berlin, Germany, 27/07/2014, ORAL.

 

 

6.     M. I. Díez-García, V. Manzi, M. Jankulovska, S. Anandan, P. Bonete, R. Gómez, T. Lana-Villarreal, Effects of ultrasound radiation on the synthesis of metal oxide nanostructures, Symposium of the Ultrasonic Industry Association, Vibrations Winter, CSIC, Madrid, 23/04/2014, POSTER.

 

7.     D. Cibrev, M. Jankulovska, T. Lana-Villarreal, R. Gómez, Potentiostatic reversible photoelectrochromism at transparent and nanoporous TiO2/Ni(OH)2 thin films, International conference on Semiconductor Photochemistry, Prague, Czech Republic, 23-27/06/2013, POSTER.

 

8.     R. Gómez, M. Jankulovska, T. Berger, T. Lana-Villarreal, Anatase and rutile electrodes made of ultrathin nanowires: on how to compare and improve their photoelectrocatalytic behavior, International Conference on Semiconductor Photochemistry, Prague, Czech Republic, 23-27/06/2013, POSTER.

 

9.     D. Cibrev, P. Bonete, E. Guillén, M. Jankulovska, T. Lana-Villarreal, R. Gómez, Particle size and electrochemical pretreatment effects on the performance of nanostructured hematite and titanium dioxide photoanodes for water oxidation, E-MRS 2013 Spring Meeting, Strasbourg, France, 27/05/2013, POSTER.

 

10.  M. Jankulovska, T. Berger, T. Lana-Villarreal, R. Gómez, Tailoring the photoelectrochemical properties of nanoporous TiO2 electrodes through control of their structure, 5th Gerischer Symposium, Berlin, Germany, 22-24/06/2011, ORAL.

 

11.  D. Cibrev, M. Jankulovska, T. Lana-Villarreal, R. Gómez, Photoinduced electrochromism with transparent TiO2-Ni(OH)2, 5th Gerischer Symposium, Berlin, Germany, 22-24/06/2011, POSTER.

 

12.  R. Gómez, M. Jankulovska, T. Lana-Villarreal, Titanium dioxide electrodes based on ultrathin nanowires: studies under conventional and non-conventional conditions, 5th Gerischer Symposium, Berlin, Germany, 22-24/06/2011, POSTER.

 

13.  M. Jankulovska, D. Cibrev, T. Lana-Villarreal, R. Gómez, Metal oxide nanostructures and photo(electro)chromic materials, Scientific meeting on nanomaterials for clean energies, Valencia, Spain, 25/05/2011, POSTER.

 

 

14.  M. Jankulovska, T. Lana-Villarreal, R. Gómez, Nanoestructuras organizadas jerárquicamente basadas en nanotubos de TiO2 y su aplicación como electrodos, XIX Congreso de la SIBAE, Alcalá de Henares, Spain, 27/06 – 02/07/2010, ORAL.

 

15.  D. Cibrev, M. Jankulovska, T. Lana-Villarreal, R. Gómez Torregrosa, Estudio del electrocromismo fotoinducido en capas finas TiO2-Ni(OH)2, XIX Congreso de la SIBAE, Alcalá de Henares, Spain, 27/06/2010 – 02/07/2010, POSTER.

 

16.  R. Gómez, N. Guijarro, M. Jankulovska, I. Barceló, T. Lana-Villarreal, Charge transfer at TiO2 nanostructures: hierarchically ordered samples and sensitization to the visible with CdSe quantum dots, Annual meeting of the cost d41 working group 2 oxides surface chemistry, Alicante, Spain, 06-08/05/2010, ORAL.

 

17.  T. Berger, M. Jankulovska, , T. Lana-Villarreal, R. Gómez, Rutile and Anatase Thin Film Electrodes formed by Quantum-Sized Nanowires, 5th Kurt Schwabe Symposium, Erlangen, Germany, 24- 28/05/2009, ORAL.

 

18.  M. Jankulovska, T. Berger, T. Lana-Villarreal, R. Gómez, An Electrochemical Study of Trap States in TiO2 films: Nanowires, Microtubes and Nanoparticles, 5th Kurt Schwabe Symposium, Erlangen, Germany, 24- 28/05/2009, POSTER (Poster award KSCS 2009).

 

19.  M. Jankulovska, L. Šoptrajanova, I. Spirevska, Behaviour of Citraconic and glutaconic acid in a perhloric acid medium, Sixth congress of pure and appiled Chemistry fot the students of Macedonia with internacional participation, University “Ss. Cyril and Methodius” Skopje, Macedonia, 01- 02/12/2005, ORAL.

 

20.  M. Jankulovska, L. Šoptrajanova, I. Spirevska, Determination of the pK values of aconitic acid in aqueous solutions, XVIII conference of the chemists and technologists of Macedonia, Ohrid, R. Macedonia, 20-25/05/2004, POSTER.

 

21.  L. Šoptrajanova, M. Jankulovska, I. Spirevska, Behaviour of Aconitic acid in aqueous and non-aqueous solutions of strong acids, Biannual Conference on Chemistry, University of  Cairo, Egipt, 01- 04/03/2004, POSTER.

 

22.  I. Spirevska, L. Šoptrajanova, M. Jankulovska, B. Šoptrajanov, Protonation of Glutaconic acid in ethanolic solutions of sulfuric acid, 2nd Black sea basin conference on Analytical chemistry, YILDIZ Technical University, Beşictaş, Istanbul, Turkey, 14-17/09/2003, POSTER.

 

23.  M. Jankulovska, L. Šoptrajanova, I. Spirevska, Determination of the pK values of glutaconic acid in sulfuric acid medium, 3rd Aegean analytical Chemistry Days, Polihnitos, Lesvos, Grece, 26- 29/09/2002, POSTER.

 

24.  M. Jankulovska, L. Šoptrajanova, I. Spirevska, Development of a new method for determination of organic acids-geometrical isomers in a mixture, Third congress of pure and applied Chemistry for the students of Macedonia with international participation, University “Ss. Cyril and Methodius” Skopje, R Macedonia 25-29/05/1998, ORAL.

 

 

ТЕХНИЧКИ ВЕШТИНИ  
 

 

 

Како резултат на моето образование и искуството од научно – истражувачката работа што ја започнав уште како студент на Природно – математичкиот факултет во Скопје можам самостојно да работам со различни аналитички инструменти, техники за карактеризација на примероци и да синтетизирам нови матерјали.

 

·       Електрохемиски методи (циклична волтаметрија, хроноамперометрија и хронопотенциометрија);

·       Ултравиолетова и видлива спектроскопија;

·       Раманска Спектроскопија;

·       Спектроелектрохемиски методи;

·       Кварцна микровага;

·       Скенирачка електронска микроскопија;

·       Скенирачка атомска микроскопија ;

·       Спектроскопија на површински потенцијал;

·       Нуклеарна парамагнетна резонанција;

·       Атомска апсорпциона спектроскопија;

·       Високоефикасна течна хроматографија;

·       Синтеза на наноструктурни метални оксиди (хемиска депозиција, хидротермална/солвотермална синтеза, сол-гел синтеза);

·       Подготовка на електроди од наноструктурни матерјали (анодизација, електродепозиција, Spin coating, Doctor blade);

·       Синтеза на полимери;

 

  Исто така се здобив со искуство за анализа и интерпретација на резултати добиени со:

 

·       Дифракција на X зраци;

·       Електронска дифракција;

·       Фотоелектронска спектроскопија на X зраци;

·       Трансмисиона електронска микроскопија;

·       Инфрацрвена спектроскопија;

·       Brunauer–Emmett–Teller (BET) анализа;

·       Нуклеарна магнетна резонанција.

 

 

 

 

 

СТРУЧНО УСОВРШУВАЊЕ 
 

 

 

 

2012

(мај-јули)

 

Во текот на докторските студии имав можност да реализирам работна посета во два реномирани научно-истражувачки центри:

 

  Институт по хемија, Универзитет во Торино, Италија.

 

Област: Нуклеарна парамагнетна резонанција.

 

За време на овој престој се здобив со практично искуство од областа на нуклеарната парамагнетна резонанција.

 

   

Хелмхолц центар за матерјали и енергија во Берлин, Германија.

 

Област: Спектроскопија на површински потенцијал.

 

За време на овој престој се здобив со практично искуство од областа на спектроскопијата на површински потенцијал.

 

 

 
 
 

 

2010

(октомври – декември)

 

 

 

 

ЛИЧНИ ВЕШТИНИ  
 
 

Мајчин јазик:                   Македонски

 

Други јазици                         РАЗБИРАЊЕ                    ЗБОРУВАЊЕ              ПИШУВАЊЕ

 

Англиски:               C2                                            C1                                        C1

Шпански: C2                                            C2                                        C2

Германски:            А2                                           А2                                       А2

Француски:           А2                                           A2                                       A2

 

Комуникациски  вештини:

 

Како резултат на мојата работа како професор по хемија во средно училиште и подоцна како асистент на факултет се стекнав со одлични комуникациски вештини. Во овој контекст особено беше значаен мојот престој во Шпанија каде што имав прилика да работам во меѓународен амбиент и да комуницирам на англиски и шпански јазик.

 

 

 

Организациски/менаџерски  вештини:

 

Моето повеќегодишно искуство како професор и истражувач ми овозможи да се стекнам со добри организациски вештини. Во текот на секојдневната работа мојата улога беше да ја организирам и надгледувам работата на учениците и студентите. Од друга страна занимавајќи се со научно – истражувачка работа научив како да го менаџирам сопственото време и да извршувам различни задачи во исто време.

 

Компјутерски вештини:

 

Користење на различни апликации од Microsoft Office (Word, Excel, Power Point), Publisher, Page Maker и компјутерски програми специјализирани за потребите на хемија (ChemWin, HyperChem, И Origin). Користење на информации и услуги преку интернет.

 

Други вештини:

 

Работејќи со хетерогени групи на ученици и студенти се стекнав со извонредна способност за пренесување на знаење.  Како професорка во средно училиште реализирав наставни планови од повеќе области на хемијата, а подоцна на факултет учествував во теоретска и практична настава по неколку предмети со што се стекнав со практични вештини за успешно подучување на хемијата и побудување на интерес кај студентите за нејзино изучување.

 

 

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ  

           

Почести и награди

 

2015 Summa Cum Laude за докторска дисертација.

 

2008-2012 Стипендија за докторски студии од Министерството за наука и технологија во Шпанија.
 
2009 Награда за најдобар постер на петтиот Курт Швабе Симпозиум, Ерланген, Германија.

 

2000 Награда за студент со највисок просек во генерацијата на Институт по хемија, Природно-математички факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, Република Македонија.