Ветеринарната комора на Р.С.Македонија во заедничка организација со Ветеринарниот факултет при Универзитет “Св.Климент Охридски”- Битола на 13.04.2024 година во Офицерски дом во Битола, организира еднодневен Семинар од областа на ветеринарната медицина со меѓународно учество.

На Семинарот кој се одржува втора година по ред, презентации ќе имаат експерти од универзитети, истражувачки институти и ветеринарни практичари, пред се од државата, но и од поширокиот регион (Р. Хрватска, Р. Србија, Р. Бугарија) кои преку презентацијата на актуелните достигнувања ќе придонесат за унапредување на професионалните вештини на докторите по ветеринарна медицина.