Денес 02.10.2023 година во 13 часот со свечен прв академски час за новите студенти запишани на Ветеринарен факултет – Битола започна новата академска 2023/2024 година.
На првиот академски час на студентите им се обрати Ректорот на Универзитетот Св.Климент Охридски, проф. д-р Игор Неделковски и Деканот на Ветеринарен факултет – Битола, Вонр. проф. д-р Никола Караболовски кои им ги подели индексите и им посака успешна академска година.