ИЗВЕСТУВАЊЕ
Почитувани,
УКЛО со својот стручен тим, започнува организиран процес на препознавање и
идентификација, работа и следење на развојот на надарени и талентирани
студенти согласно Законот за високото образование и соодветен Правилник.
Надарените и талентираните студенти најчесто се идентификуваат врз основа на
нивните резултати во текот на студирањето, како и со примена на различни
алатки за утврдување на видот и степенот на надареноста и талентираноста:
– психо-дијагностички инструментариум (тестови на интелигенција, тестови
на посебни способности, тестови на креативност, тестови на личност,
тестови на мотивација, тестови на постигнување и друго), и
– преку употреба на прашалници, чек листи, скали на проценка, протоколи,
интервјуа.
Иницијалните активности започнуваат под мотото “Средба со талентите” на
која проф. д-р Лупчо Кеверески ќе одржи предавање на тема “Фактори за
развој и постигнување на висок академски успех кај надарените и талентите
студенти”.
На средбата со помош на психодијагностички инструментариум ќе биде
утврден општиот интелектуален статус на надрените и талентираните
студенти кои се дел од фокусната група.
Средбата ќе се оддржи во среда на 1 март 2023 година во просториите на
Студентскиот информативен центар-СИЦ во 14.30 часот.
За таа цел за почеток се поканети студентите од сите едицинци на УКЛО кои
постигнале општ просечен успех во студирањето повисок од 9.00 (девет).
Почитувани колеги, Ве замолувам, соодветно известете ги студентите од вашите
единици за кои сметате дека ги исполнуваат претходните услови, да
присуствуваат на тестирањето во среда на 1 март 2023.
Со почит,
Проф.д-р Јасмина Буневска-Талевска, с.р.
Проректор за студентски работи