Се известуваат студентите на Ветеринарен факултет – Битола дека на ден 02.09.2022 Деканот на факултетот донесе Одлука бр.02-189/1 со која се распишуваат избори за Претседател и членови на Факултетско студентско собрание. Изборите ќе бидат спроведени на ден 10.10.2022 (понеделник) во периодот од 09-10 часот. Заинтересираните кандидати во законски предвидениот рок до архивата на факултетот да достават пријава со потребна документација.