Известување
Согласно академскиот календар објавен на страната на Универзитетот
“СВ. Климент Охридски” Битола, февруарската испитна сесија е предвидено да трае од 25 01 до 13 02 2021 со вклучени два термини за испит.
Пријавување на испити е предвидено да биде во терминот од 18 01 до 22 01 2021
Право на полагање имаат студентите кои имаат статус на активен студент (запишан зимски семестар), кои ги завршиле обврските кон предметите во соодветните семестри и предметот уредно го пријавиле за испит по електронски пат со платени сите предвидени трошоци за секој предмет.
Студентите се ослободени од обврската за плаќање на административна такса.
Напомена до стдентите од прва и втора година кои студираат согласно новата наставна програма, истата, вклучува и предмети кои се слушаат во два семестри (Анатомија и Хистологија со ембриологија во 1 и 2 семестар и Исхрана на домашни животни, Физиологија, Сточарство и Микробиологија во 3 и 4 семестар). Право на полагање на завршен испит и завршно оценување кај наведените предмети, студентите имаат, откако ке ги завршат сите обврски кон предметот на крајот на летниот семестар, кога уредно го пријавуваат испитот за полагање во испитната сесија која следи. При тоа се задржува правото овие предмети да се полагаат преку колоквиуми соодветно во термините предложени во колоквиумските недели во текот на академската година, за што не е потребно да се поднесува пријава.
За дополнителни информации и појаснувања студентите по електронски пат (e-mail) да се обратат кај референтот на студентски прашања – Билјана Димитровска mail: biljana.dimitrovska@uklo.edu. mk
Од деканат
Термини за испити – јануарско-февруарска сесија 2021