Историјат

ВЕТЕРИНАРЕН ФАКУЛТЕТ- БИТОЛА

ИСТОРИЈАТ

Идејата за отворање на Ветеринарен факултет во Битола беше присутна повеќе години, но сепак истата колуминира во периодот на 2009 година кога беше обелоденето дека Пелагонискиот регион и Битола ќе добијат една ваква високо образовна институција наменета за образување на кадри исклучиво од областа на ветеринарната медицина – Доктори по ветеринарна медицина.

Поаѓајќи од изразените потреби на македонското стопанство посебно во Пелагонискиот регион, а и пошироко на подрачјето на југозападниот дел од Македонија каде сточарството претставува  една од главните стопански гранки, на Универзитетот  “Св. Климент Охридски” – Битола на 25. 05. 2009 година се отвора најновата единица на Универзитетот – Ветеринарен факултет. Истиот,  започнува со работа на 23. 09 2009 година со Привременото решение од Министерството за образование и наука (бр. 12-6534/4) и распишува конкурс за упис на студенти за академската 2009/2010 година.

За потребите на институцијата беа отстапени просториите на поранешната Виша земјоделска школа каде предходно изградениот објект беше адаптиран за потребите на новоотворениот факултет (амфитеатар, предавални, административен простор, лабаратории, како и кабенети за наставниот и асистенскиот кадар).

Од октомври 2019 година Ветеринарен факултет – Битола започнува со реализација на нова студиска програма по ветеринарна медицина со траење од пет академски години.

Денес после 10 години постоење, наставата се реализира од страна на наставен и соработнички кадар во редовен работен однос и тоа: 10 професори, 4 асистенти, 2 лаборанти  и дополнително ангажирани 5 професори од други сродни високообразовни институции. Декан на факултетот е доц. д-р Никола Караболовски.

МИСИЈА

Нашата мисија е да едуцираме стручни и научни кадри од областа на ветеринарната медицина, да понудиме професионално ориентирани програми, да го одржиме високиот квалитет на содржината на наставните програми, а со тоа студентите да стекнат знаења со кои ќе можат поуспешно да одговорат на предизвиците и барањата на современото сточарство во Европа и пошироко во светот од областа на ветеринарната медицина. Докторите по ветеринарна медицина денес во вкупното современото сточарство имаат се поголемо значење од аспект на:

  • Следење на здравјето на животните;
  • Добивање на здрава и квалитетна храна;
  • Примена на превентивни мерки во производството на здрава храна, која ќе ги следи потребите на нашето стопанство;
  • Постојана присутност на докторите по ветеринарна медицина на фармите


ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ

             Основна цел на Ветеринарниот факултет- Битола е едуцирање на ветеринарно-медицински кадри кои ќе можат да одговорат на се поголемите потреби на ветеринарските служби. Во современиот здравствен систем ветеринарските работници со ваков степен на образование претставуваат главни носители на дејноста во која се вклучени и важна алка во тимот за нега и терапија на животните при амбулантското и стационарно лекување. Поради тоа, неопходно е тие да располагаат со висок степен на теоретски и практични знаења од својата област што претставува примарна и основна цел на едукативниот процес кој се реализира во рамките на ВФБ.

Поаѓајќи од оваа основна цел, произлегуваат и неколку поконкретни цели на Ветеринарниот факултет – Битола, а тоа се:

  • Низ процесот на теоретска настава, студентите да се здобијат со потребниот квантум на знаење од студиските програми вклучени во процесот на едукација, особено од оние наставни дисциплини кои се во тесна врска со нивниот професионален ангажман.
  • Практичната настава која е дел од целокупниот едукативен процес да им обезбеди на студентите практични знаења и оискуства кои се неоходни и од огромно значење за овие стручни профили.
  • Да им се овозможи на студентите вклучување во различни студенски активности кои се дел од студенското живеење (семинари, трибини, спортски, културно-забавни настани и тн.
  • Да им овозможи на студентите вклучување и во органите на управа на факултетот преку делегирање на нивни членови во нив.