Зорица Марјановиќ Никлески – Субспецијалист по Медицина и Доктор по Ветеринарна Медицина

Зорица Марјановиќ Никлески – Субспецијалист по Медицина и Доктор по Ветеринарна Медицина

Зорица Марјановиќ Никлески –

Субспецијалист по Медицина и Доктор по Ветеринарна Медицина

Љубовта и големата грижа за здравјето на луѓето и животните ја имам уште од дете. Емпатијата и безусловната пожртвуваност да се помогне, се основни особини на секој доктор. Своето средно образование го завршив во средното Медицинско училиште во Битола. Во тоа време, имав големо учество во фамилијарниот бизнис- живинарство. Љубопитноста и мотивираноста да се надоградам во таа област беа одлучувачки при изборот на мојата идна професија-Доктор по Ветеринарна Медицина. Ја имав честа да бидам студент на првата генерација студенти на Ветеринарниот Факултет во Битола, во академската 2009/2010 година.За време на студиите се стекнав со огромно теоретско и солидно практично знаење, што всушност претставуваше една солидна основа и беше од исклучителна важност во моето понатамошно образование. Ветеринарниот факултет ми овозможи да бидам дел од друштвата за заштита на животните, но иактивно да земам учествувово бројни научно-истражувачки работи со студенти од Нови Сад, Србија и Лерин, Грција. Постојано се одвиваа семинари и обуки во соседните земји, во кои покрај тоа што учествував и ги споделив моите знаења, се здобив со нови пријателства и колеги со кои се уште сум во контакт. Таа соработка ме збогати со поширок спектар на знаења во оваа област и ми го збогати видикот кон таа проблематика. Споредувајќи го нивниот и нашиот систем на работа и критички анализирајќи ги промените кои се потребни за позитивен импакт, го надоградив фамилијарниот бизнис и го применив во пракса.

Ветеринарниот факултет – Битола располага со квалитетен академски образован кадар кој што неуморно се залага за надоградување на нашите знаења. Стручниот кадар е секогаш достапен за студентите, во континуитет ги следи новитетите во областа на ветеринарната медицина и несебично овозможува истите да бидат имплементирани во факултетската настава.Флексибилноста на наставниот кадар во реализирањето на наставниот план и нивната достапност и надвор од термините за консултации, беше од голема полза особено за студентите кои доаѓаа од другите градови. Покрај тоа, Ветеринарниот факултет – Битола остваруваше соработка со факултети како од земјата, така и од странство, што резултираше со бројни посети на професори од истите. На тој начин студентите ги надоградуваа своите знаења, но и ги прошируваа своите видици со нови знаења од најразлични области. Како дел од обврските на студентот, беше и пишувањето на семинарска работа по секој предмет, за што покрај истражувањето на дадената тема, неопходно беше и запознавање со методологијата на пишување на еден научен труд и нејзино имплементирање. Овој начин на работа, се покажа како особено корисен и важен за студентите кои ќе одлучат својот животен пат да го насочат кон науката и публицирањето на научни трудови. Работата во мали групи, ни овозможи да се стекнеме со можности за успешна тимска работа која е неопходна за започнување на нашата кариера. Многу често, соработничкиот кадар се залагашенашите познавања да ги надоградуваме и со податоци од странска литература, што во голема мера ми помогна да да ги следам најновите светски научни достигнувања. Особено драг спомен од моите студентски денови ми е учеството на  “Претприемачки викенд”, каде заедно со моите колеги го освоивме првото место за најдобар бизнис план.

Но мојата амбиција да се стекнам со повеќе искуства и знаење не заврши тука. Во 2016 година одлучив да аплицирам за специјализација во Сиднеј, Австралија. Моите соништа изгледаа повеќе како нешто недостижно, но упорноста и големата подршка од луѓето околу мене,ме охрабрија да се обидам. После успешното полагање на англиски јазик и благодарение на мојот висок просек од додипломските студии на  ветеринарниот факултет,бев примена на Torrens University – Australia, каде во 2019 година специјализирав и се стекнав со звањето Специјалист по Јавно Здравство и Академски истражувачки магистер.Мојата магистерска теза ја посветив на превенција и рано откривање на остеопороза кај жени во менопауза кои живеат во Македонија. Во 2020 година се стекнав со звање Субспецијалист по завршувањето на неколку субспецијализации и на други врвни универзитети: Аутизам и аутистични лица на Torrens University, Australia, Невролошки заболувања (Деменција) на University of Tasmania; Биомедицински истражувања и менаџмент на медицински податоцина Harvard Medical School, NIH Big Data to Knowledge, Бактериски Геноми- Епидемиологија, Пандемија и Антибиотска резистентност на UnitedKingdom Royal College of Pathologists; Имунологија и Инфективни Пандемиолошки Заболувања на Griffith University, Queensland Australia; Детектирање на КОВИД-19 на United Kingdom Public Health Rapid Support Team, London School of Hygiene and Tropical Medicine; Антибиотска резистенција, фармакологија и бактериски патогенина University of Cambridge; Медицинска Форензика, ДНА и Детектирање на отисоцина The Open University, Australia. Благодарение на споделеното знаење, помошта и успешното менторство на Доц. д-р Петар Аврамовски, коавтор сум на бројни научни публикации објавени во врвни светски медицински списанија.

Моментално работам како Специјалист Доктор во невролошко-ортопедска клиника во Сиднеј, Австралија. Интересот за невролошките заболувања, како и за превенцијата и раното откривање на деменција (Паркинсонова Болест и Алцхајмер), се продлабочикако резултат на тригодишното работно искуство со оваа група на лица. Се надевам дека во иднина ќе имам шанса да бидам дел од невролошките истражувања и ќе можам да придонесам во рано откривање, лекување и олеснување на клиничката слика кај оваа група на заболени лица. Имунологијата и епидемиологијата се исто така дел од моите интереси. Продлабочувајќи ја таа проблематика, станав активен член во имунолошкатапревенција и новитеклинички истражувања за Ковид-19 во Одделот за имунологија и јавно здравство, Англија.

Задоволство ми е што сум дел од медицинската професија, бидејќи на крајот на денот, кога ќе се вратам дома, се чувувам исполнето затоа што сум спасила живот илимакар сум направила позитивно влијание врз нечиј живот. Медицината бара пожртвуваност, трпение и посветеност, посветеност која мора константно да се надоградува. Горда сум што бев дел од студентите на Ветеринарниот факултет-Битола и благодарна што ја имав честа да го споделам моето позитивно искуство.