Владимир Стојаноски – Доктор по ветеринарна медицина

Владимир Стојаноски – Доктор по ветеринарна медицина

Јас сум Владимир Стојаноски, роден сум во Битола. Преголемата љубов кон животните, која ја негувам од мали нозе, беше пресудна да ја изберам професијата Доктор по ветеринарна медицина у си еден збор да бидам ова што сум денес. Средното училиште СОЗУ Кузман Шапкарев – насока ветеринарен техничар го завршив како првенец на генерацијата 2005-2009 год. Понатамошното образование го продолжив во првата генерација на Ветеринарниот факултет во Битола и истиот го завршив во рекордно време со највисок просек во генерацијата 2009-2014 год.

 

За време на студиите имавме визитинг професори од Р. Бугарија со многу богато работно искуство како теоретско, така и практично. Теоретската настава беше редовно пропратена со практичната настава, која се изведуваше во амбуланти, клиники, производствени капацитети, но и во многу јавни установи. Овие искуства во голема мера го надополнуваа нашето теоретското знаење. Она што сакам да го потенцирам и за кое сметам дека е од исклучителна важност да се напомени е тоа што практичната настава беше организирана во мали групи од по само неколку студенти. Ваквиот начин овозможуваше индивидуалеен пристап кон секој студент и детална анализа на сето она што беше предмет на работа.  Како стажант имам работено во повеќе ветеринарни амбуланти и клиники како во нашата земја, така и надвор од неа. Како најголемо би го издвоил искуството стекнато на Ветеринарниот факултет во Стара Загора, Р. Бугарија, како и на ветеринарна клиника Кресингер, Загреб  Р. Хрватска.

После враќањето назад одлучив да почнам со свој бизнис и отворив  амбуланта во мојот град. Веднаш после тоа одлучив и се запишав на специјалистички студии на ветеринарен факултет во Р. Хрватска насока специјалист по хириргија – 2017-2020 год. Моментално искуството како специјалист по хирургија го преминувам тука кај нас во мојата амбуланта, но и во повеќе амбуланти низ Македонија како стручен соработник.