Ана Талевска – студент на Ветеринарен факултет – Битола

Ана Талевска – студент на Ветеринарен факултет – Битола

Завршив средно медицинско училиште, смер фармацевтско-лабораториски техничар. Кога дојде моментот за избирање што понатаму, се наоѓав на една раскрсница помеѓу фармацијата и љубовта, опкруженоста на животните од мали нозе поточно ветерината на дланка. Избрав живот на животните. За да студирате на ветеринарен факултет не е потребна само љубовта кон животните, потребно е да го знаете и нивниот јазик, комуникацијата со нив бидејќи секое животно си има свој начин на изразување. Тоа беше пресудно да го изберам ветеринарниот факултет. Вложувањето на професорите и асистентите е неверојатно, секој професор го вложува својот максимум во нас како студенти. Нештедејќи го нивното знаење и искуство, постојано се тука за нас. Исто така и практичниот дел ни е објаснат на најпрецизен и на најдобар начин почнувајќи од лабораторија, ординација и фарма.

Прекрасно е чувството со задоволство да следиш настава и вежби. Секој од професорите и асистентите се отворени за консултации во секое време од студирањето. Јас сум сигурна дека во останатите години од моето студирање ќе се стекнам со многу знење благодарејќи на неуморните професори и асистенти. Ветеринарниот факултет ми овозможи да сфатам дека не е само љубовта и комуникацијата во прашање кога станува збор за ветерина, станува збор и за проблематиката и тоа кон што целиме, нели пред се за нивните права, нивното здравје, начинот на нивното чување и одгледување. Нема поголема привилегија од тоа да му помогнеш на некое животно и да знаеш дека си имал позитивно влијание врз нечиј живот. И за крај, како медицинско лице никогаш нема нема да си одите на крајот од денот, мислејќи дека не сте сториле нешто вредно за нечиј живот, животот на едно животно.