Септемвриска сесија
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Greek

 

Известување


Септемвриската сесија според академскиот календар е предвидено да трае од 02 09 до 21 09 2019 и се предвидени два термини со право на избор на еден термин.
Редовен рок за пријавување на испити за септемвриската сесија е со почеток од 26 08 до 02 09 2019.
Задоцнето пријавување е дозволено од 03 09 до 06 09 2019 со паричен надомест во износ од 200 ден. за секој испит. Студентите се должни паралелно со подигнување на пријава во електронска форма во службата на студентски прашања да подигнат и пријава во хартиена форма.
Студентите кои го пријавуваат предметот по прв пат треба да уплатат 15 денари за пријавување и 50 денари за административна такса за секој пријавен испит.
Студентите кои го пријавуваат испитот втор пат и понатаму треба да уплатат 315 ден. за пријавување и 50 денари за административна такса за секој пријавен испит (за втор пат се смета и доколку студентот во претходните сесии поднесол пријава а не се јавил на испит).
Право нма пријавување на испити имаат само студентите кои имаат запишано летен семестар 2018/19 (кои имаат статус на редовен студент).
Напомена: Во уплатницата во полето на целан дознака задолжително да стои за колку испити се пријавува (сумирано) и за задолжително да се назначи септемвриска сесија 2019