Јануарска испитна сесија
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Greek

Се известуваат студентите дека јануарско-фебруарската сесија ќе биде во терминот од 28.01.2019 до 14.02.2019. Во сесијата се предвидени два испитни термини.


Пријавување на испити ќе се врши во термин од 24.12.2018 до 28.12.2018-регуларен рок и од 08.01.2019-11.01.2019 задоцнет термин со казна (200 денари за секој испит поединечно).


Студентите се должни да уплатат износ на име за пријавување 15 денари (за пријавување на предметот по прв пат) и 50 денари административна такса. Доколку студентот предметот го пријавува вторпат и понатаму сумата за пријавуање е 315 денари и 50 денари административна такса.

Напомена: износот на административна такса да се уплаќа соодветно на буџетската сметка на РМ.

Во уплатниците во цел на дознака јасно да биде наведено за колку испити се прави уплата и јасна назнака за јануарска сесија 2019.

 

Запишување на летен семестар ќе биде од 15.02.2019 до 22.02.2019 регуларен термин и од 21.02.2019 до 01.03.2019 термин со казна (500 денари плус пресметаниот износ).

 

ЗА СТУДЕНТИТЕ КОИ ПРЕДМЕТОТ ГО ПОЛОЖИЛЕ НА КОЛОКВИУМИ ДОЛЖНИ СЕ ДА ДОСТАВАТ ПРИЈАВА ВО ЕЛЕКТРОНСКА И ХАРТИЕНА ФОРМА КАКО БИ СЕ ЗАВРШИЛЕ КОМПЛЕТНО ОБВРСКИТЕ КОН ПРЕДМЕТОТ.