Известување за систематски прегледи

Известување од  Службата за превентивна здравствена заштита на деца

од 6-18 години, ЈЗУ Здравствен Дом “Др.Хаим Абраванел”-Битола.

 

Почитувани,

Министерството за здравство на Република Македонија, во интерес на здравјето на населението, односно студентската младина, во својата годишна програма има предвидено задолжително реализирање на бесплатни систематски општи и стоматолошки прегледи на студенти од I (прва) година на студии.

Систематските прегледи ќе започнат од 20.01.2021 година  и ќе траат заклучно со Февруари 2021 година, во терминот од 8-18 часот.

  1. Преглед на крв и мокрача во ЈЗУ Здравствен Дом-“Др.Хаим Абраванел”-Битола, школска амбуланта, која се наоѓа на први спрат (веднаш до превентивна стоматологија)  секој работен ден во период од 08.00-13.00 часот.

 

  1. Систематските стоматолошки прегледи се извршуваат на II кат во ЈЗУ Здравствен Дом-“Др.Хаим Абраванел”-Битола, со здравствена книшка и индекс.

 

 

  1. Со готов резултат од лабораторијата, здравствената книшка и индекс да дојдат во нашите амбуланти, и тоа:

 

Централна школска амбуланта, ЈЗУ Здравствен Дом,  која се наоѓа на први спрат (веднаш до превентивна стоматологија)  :

-Факултет за биотехнички науки

-Висока медицинска школа

-Ветеринарен факултет

-Технолошко-технички факултет-нутриционизам

Амбуланта Јосип Броз Тито:

-Педагошки факултет

-Факултет за информатички и комуникациски технологии

 

Амбуланта Даме Груев:

-Технички факултет

-Правен факултет

 

Поради важноста на информацијата, Ве молиме студентите од прва година благовремено да бидат известени. За секоја потребна информација можите да се обратите во Службата за превентивна здравствена заштита на деца од 6-18 години, секој работен ден од 8-18 часот на следниот тел.бр. 047/220-520 локал 292 ,

072/272-187

 

 

Студентите задолжително да носат здравстевна книшка и индекс и строго да се почитуваат мерките за заштита од КОВИД-19:

-Носење заштитна маска

-Дезинфекција на обувки при влез во установата

-Држење на растојание и избегнување на групирање.

 

НАПОМЕНА: ПРЕГЛЕДИТЕ СЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЗА СИТЕ СТУДЕНТИ  ОД ПРВА ГОДИНА СТУДИИ.  БЕЗ ИЗВРШЕН СИСТЕМАТСКИ И ЛАБОРАТОРИСКИ ПРЕГЛЕД НЕМА ДА МОЖАТ ДА  ЗАВЕРАТ СЕМЕСТАР!

СИТЕ ПРЕГЛЕДИ СЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНИ И БЕСПЛАТНИ!!!

 

 

 

Битола, 18.01.2021                                                                 Раководител

Др.Марија Димовска