К О Н К У Р С ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ ВО ПРВА ГОДИНА НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ,,СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – БИТОЛА ВО АКАДЕМСКАТА 2020/2021 ГОДИНА

К О Н К У Р С
ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ ВО ПРВА ГОДИНА
НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ НА
УНИВЕРЗИТЕТОТ ,,СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – БИТОЛА
ВО АКАДЕМСКАТА 2020/2021 ГОДИНА

Во согласност со глава II точка 4.1 од Конкурсот за прв циклус за академската 2020/2021 година, за кандидатите кои го завршиле четиригодишното средно образование во учебната 2019/2020 година, како и за кандидатите кои го завршиле четиригодишното средно образование во претходните учебни години (пред учебната 2007/2008 година) и не полагале државна матура, основен услов и критериум за запишување е општиот среден успех и успехот од четирите предмети: македонски јазик, странски јазик и предметите Биологија и Хемија (за завршени гимназиски средни училишта и стручни средни училишта) од листата на екстерни предмети во Прилог I од конкурсот.