Бенефити за студентите на УКЛО кои даруваат крв

Секој студент кој има дарувано крв ќе биде ослободен од финансиски обврски во однос на полагање на испити во јунска и септемвриска сесија во противвредност од 1000 денари. (треба да се искористи целата сума во сесиите). На студентите крводарители им се овозможува ослободување од плаќање 1200 денари што се уплаќаат за обуката за прва помош при полагање на возачки испит.

Напомена: Студентот крводарител на УКЛО во службата – центарот за трансфузиона медицина добива потврда за реализирано дарување на крв и истата потоа ја искористува како доказ во службата за студентски прашања или во црвен крст.