Известување

Известување

Во согласност со препораките од УКЛО, за адаптација на одржувањето на наставата во текот на периодот кога студентите се ослободени од настава за време на кризната ситуација со Корона вирусот,  студентите се обврзуваат да ги контактираат по електронски пат (е-mail) предметните професори на секој од предметите за кои стекнале право на упис во летен семестар во академската 2019/20 година.

Контактот со предметниот професор е со цел да се овозможи дефинирање на основни и дополнителни активности кои се во контекст на наставната програма на предметот. Воедно комуникацијата по електронски пат има за цел замена на терминот за консултации со предметниот професор.

Од деканат